logo
logo
logo

ГРАДОТ СЕ МОДЕРНИЗИРА

НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ЧИСТО СКОПЈЕ - Градот добива комунални камиони, а пристигнуваат и електрични автобуси

Vecer | 26.07.2026

НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ЧИСТО СКОПЈЕ - Градот добива комунални камиони, а пристигнуваат и електрични автобуси

Скопје ќе добие нова комунална механизација и модернизација на јавниот превоз. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека кон крајот на август ќе биде промовирана новата опрема за јавна хигиена - камиони, цистерни и метларки, кои ќе бидат наменети за Град Скопје и повеќе општини низ државата. Паралелно, Владата информира дека продолжуваат процедурите за набавка на електрични авробуси кои треба да донесат значително подобрување во градскиот транспорт. 

Како што истакна Мицкоски, централната власт ќе ги стави сите ресурси во поддршка на локалните самоуправи кои покажале посветеност во реализацијата на проектите.

Премиерот ги објасни деталите околу обновата на комуналниот возен парк и јавниот превоз:

„Град Скопје до Нова година ќе добие и нови камиони, цистерни и метларки за подобра хигиена. Тендерот тука е завршен и некаде кон крајот на август со министерот за транспорт ќе направиме промоција на таа опрема, која ќе ја добијат и други поголеми општини низ државата. Исто така, во тек е процесот на жалби за новите електрични автобуси. Очекувам и тој процес да заврши, по што Град Скопје и други општини ќе ги добијат новите автобуси. Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините и градоначалниците, а убеден сум дека градоначалникот максимално посветено ќе продолжи да ги реализира проектите кои се приоритет за Скопје.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk