logo
logo
logo

Нема докази за упад или прибирање класифицирани податоци - ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ

Vecer | 08.10.2026

Нема докази за упад или прибирање класифицирани податоци - ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ

Основното јавно обвинтелство соопшти дека не утврдило елементи на кривично дело во случајот со сомневањата за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и незаконско прибирање податоци.

По спроведената предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител донел резолуција со која оценил дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека во текот на постапката биле извршени детални информатичко-форензички анализи. Со наредба на Основниот кривичен суд била обезбедена компјутерска опрема, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди.

Истражителите прибрале и известувања од лица запознаени со настанот.

„Не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Сепак, форензичките анализи откриле одредени пропусти во поставеноста на компјутерскиот систем.

„При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик“, соопшти Обвинителството.

Од институцијата нагласуваат дека утврдените слабости сами по себе не претставуваат доказ за извршено кривично дело.

„Не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела“, се наведува во соопштението.

По оценката на сите прибрани докази, јавниот обвинител заклучил дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик.

Не биле утврдени ниту елементи на друго кривично дело што се гони по службена должност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk