logo
logo
logo

Вонредно прскање во скопско

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА СЕ ШИРИ, ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА - Граѓаните добиваат СМС предупредувања!

Vecer | 19.08.2026

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА СЕ ШИРИ, ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА - Граѓаните добиваат СМС предупредувања!

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле регистрирани коморбидитети, беше соопштено на денешната прес-конференција во Министерството за здравство.

Од регистрираните случаи - 38, 28 се машки, а 10 се женски.

Во изминатата недела, од 12 до 18 август, пријавени се 12 нови случаи, вклучувајќи три нови смртни исходи.

По прогласувањето епидемија на западнонилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел, се преземаат мерки за контрола на комарците.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат - ДСЗИ спроведе контрола на активности за дезинсекција во сите општини. Продолжуваат систематските и вонредните (по епидемиолошка индикација) активности за ларвицидна и адултицидна дезинсекција - авионска и терестичка - на територијата на Град Скопје и општините Гази Баба, Кисела Вода (населбата Драчево), Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Чучер Сандево и Велес. Заклучно со 14 август 2026 година спроведени се повеќе циклуси на третман, вклучително и дополнителни интервенции на стоечки водени површини во засегнатите подрачја.

Почната е кампања за СМС информирање на граѓаните.

- Со цел граѓаните од засегнатите подрачја навремено да добијат совети за лична заштита од убоди на комарци, во тек е масовна СМС-кампања за информирање на населението. Кампањата опфаќа испраќање на вкупно околу 38.500 пораки до граѓаните во засегнатите општини. Вчера (18 август) испратени се 6.526 пораки - испраќањето започна во општина Петровец (1.554 пораки), а потоа продолжи во општина Гази Баба. На чекање за испраќање остануваат уште 31.365 пораки, кои постепено ќе бидат доставени до граѓаните во наредниот период. Досегашните резултати покажуваат висок степен на ангажираност - до 70 отсто од доставените пораки се прочитани од примачите и го посетиле линкот со дополнителни информации содржан во пораката - информираа надлежните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk