СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ е насилникот од гостиварско кој брутално ја претепа сопругата

Vecer | 28.11.2026

СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ е насилникот од гостиварско кој брутално ја претепа сопругата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мажот (52) од гостиварско село, кој ја претепа својата 42-годишна сопруга, по што таа со тешки повреди беше пренесена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), е сместен во Психијатриската болница во Бардовци.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдиле дека станува збор за лице со нарушено ментално здравје, кое по апсењето било спроведено во Психијатриската болница – Скопје.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од таткото на осомничениот, кој информирал дека мажот физички ја нападнал сопругата во семејниот дом и ѝ нанел повреди со остар предмет.

Жената најпрво била пренесена во болницата во Гостивар, а поради сериозноста на повредите, во бессознание била транспортирана во скопските клиники. Според објавените информации, таа се бори за живот, со четири скршени ребра, крварење во мозокот и други тешки телесни повреди.

При лишувањето од слобода, осомничениот давал отпор и физички нападнал полициски службеници, при што повредил еден од нив.

Од МВР информираат дека за настанот е известен јавен обвинител и дека по целосно документирање на случајот против 52-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk