Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уверува дека железничкиот сообраќај ќе продолжи без прекин, и покрај големата штета што ја предизвика кражбата и уништувањето на електроенергетската инфраструктура кај Драчево.

Градски воз ќе има! Ветивме од 1ви Септември и од 1ви Септември ќе оперира! Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има! Патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има! - напиша на фејсбук Николовски.
Првиот човек на транспорт очекува МВР во најкус можен рок да ги идентификува сторителите и сносат одговорност за предизвиканата штета.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата