logo
logo
logo

50.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ИЛИ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА? Мицкоски со порака: Семејните политики се клучот за економската иднина

Vecer | 20.10.2026

50.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ИЛИ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА? Мицкоски со порака: Семејните политики се клучот за економската иднина

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, за жал македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на новинарско прашање за коментар на изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега, односно, дали тоа значи дека за 4 години отсега во Македонија ќе има 200.000 странски работници.

Работите треба длабински да се анализираат, рече Мицкоски.

Јас кога зборував пред година и пол, две, за семејни вредности, за фертилитет, тогаш ме направија дека сум заостанат, дека сум ретрограден, дека не знам што зборувам и што сè не изнапрочитав за себе, но, за жал, тој предизвик останува и понатаму. И тоа што го укажуваше потпретседателот на Влада и министер за транспорт можеби е и потценета вредност, можеби ќе ни требаат многу повеќе за да ја задржиме економската активност – рече Мицкоски.

Укажа на случувањата во Западна Европа, каде што за да се одржи нивото на економија и да има благ пораст на номиналниот бруто-домашен производ, потребно е секоја година да се даваат стотици илјади, па можеби и милиони работни дозволи за мигранти.

– Така што, колку и да сакаат да ми исмејуваат, јас ќе останам на оние семејни политики, на многудетни семејства и на политиките коишто значат иднина за Македонија како држава и нови работни места за македонскиот работник и поконкурентна македонска економија која што ќе расте – потенцира премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk