Јавната седница во скопска Апелација, на која требаше да се разгледуваат жалбите за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска е одложена. Причина за одложувањето е хоспитализацијата на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој поради сериозни здравствени проблеми е префрлен на Клиниката за нефрологија.
Неговиот адвокат, Бојан Манев, појасни дека Видевски има само еден дониран бубрег и оти неговата состојба критично се влошила во затворски услови. Според Манев, нивото на креатинин кај обвинетиот алармантно пораснало (од нормални 100 на дури 850), по што тој итно бил пренесен на болничко лекување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата