logo
logo
logo

ГАЗДА ДЕКО ОДИ ВО ШУТКА, Судот му одреди притвор од 30 дена

Vecer | 02.10.2026

ГАЗДА ДЕКО ОДИ ВО ШУТКА, Судот му одреди притвор од 30 дена

Кривичниот суд Скопје на предлог на Јавното обвинителство му одреди притвор од 30 дена на Дејан Јованов Деко, првообвинет за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за да се обезбеди неговата достапност во новата истрага за поткуп што ЈО ја води против него.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител од ОЈО ГОКК за определување мерка притвор против Д.Ј. од Кочани, по произнесување на осомничениот, во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите приложени кон предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена. Притворот е определен поради постоење на основите предвидени во член 165 од Законот за кривичната постапка (ЗКП), односно поради постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци“, соопшти Кривичниот суд.

Мерката притвор започнува да се извршува од 3.10.2026 година, имајќи предвид дека лицето во моментот веќе издржува мерка притвор во предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“, се додава во соопштението.

Јованов е во притвор за предметот за самиот пожар, за кој е во тек судење, а утре, 3.10.2026 година истекува законскиот едногодишен рок на времетраење на притворот и се очекуваше тој да биде пуштен, а Судот да му одреди поблаги мерки за обезбедување присуство на судењата. Но, вчера Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека против Јованов се води нова истрага, поради што ЈО ќе побара нов притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk