logo
logo
logo

ПАНИКА ПОРАДИ ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Стотина пријави за угинати птици, АХВ смирува – „Нема место за паника“

Vecer | 18.08.2026

ПАНИКА ПОРАДИ ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Стотина пријави за угинати птици, АХВ смирува – „Нема место за паника“

Стотина пријави за угинати птици пристигнале во Агенцијата за храна и ветеринарство по појавата на западнонилската треска, поради што надлежните апелираат на претпазливост, но и на смиреност. Од АХВ велат дека граѓаните во изминатите денови пријавувале угинати птици преку бесплатната телефонска линија, електронската адреса и други канали, но посочуваат дека нема место за непотребна паника при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици.Од Агенцијата посочуваат дека особено внимание треба да се посвети доколку на исто подрачје и во краток временски период се забележи поголем број угинати гаврани или други диви птици. Во такви случаи, граѓаните треба да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици.

„Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано ја следи состојбата и, согласно проценката на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториски испитувања“, велат од АХВ.

Апелот доаѓа откако надлежните институции на прес-конференција во понеделникот (17 август) посочија дека гавраните се меѓу најчесто идентификуваните резервоари на западнонилската треска и дека секоја забележана мртва дива птица треба да биде пријавена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk