logo
logo
logo

Државјанин на Турција приведен во Штип: При претрес на две локации пронајдена марихуана и туѓа патна исправа

Vecer | 08.04.2026

Државјанин на Турција приведен во Штип: При претрес на две локации пронајдена марихуана и туѓа патна исправа

На 07.04.2026 во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода М.С.(23) од Република Турција со привремен престој во Штип.

Претходно, со судска наредба, извршен е претрес во домот во кој привремено престојува Н.К.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип, а во кој бил затекнат М.С.. Притоа, во домот биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Подоцна, со негова дозвола, извршен е и преглед во домот во кој престојува М.С., при што се пронајдени и одземени неколку пакувања со марихауана и патна исправа на друго лице од Турција. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk