ЦИСТЕРНИ СО ВОДА СЕ РАСПОРЕДЕНИ ВО ГОСТИВАР

Vecer | 23.07.2026

ЦИСТЕРНИ СО ВОДА СЕ РАСПОРЕДЕНИ ВО ГОСТИВАР
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Центарот за управување со кризи соопшти дека ја координира акцијата за обезбедување и дистрибуција на вода во Гостивар, поради епидемијата што го зафати градот.

Според ЦУК, денес на располагање на граѓаните на Гостивар се ставени вкупно 100 тони вода за пиење и 78 тони техничка вода во цистерни.

Во моментов на терен се распоредени четири цистерни на следните локации:

  • Кај Болницата во Гостивар – цистерна од пет и пол тони вода за пиење;
  • Кај Здравствениот дом – цистерна од два тони техничка вода;
  • Кај Детската градинка – цистерна од осум тони техничка вода;
  • Кај ОВР-МВР Гостивар – цистерна од шест тони вода за пиење.

Во текот на денот во Гостивар се очекува да пристигнат уште девет цистерни и еден камион со резервоар за вода.

Покрај водата во цистерни дополнително, дистрибуирани се 60.000 литри флаширана вода, обезбедена од Министерството за локална самоуправа, како и еден шлеп со флаширана вода за пиење, донација од Општина Неготино, додаваат од ЦУК.

Од таму најавуваат дека ќе продолжат со координација на сите активности на терен и континуирано следење на состојбата, во тесна соработка со надлежните институции, сè до нејзино целосно стабилизирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk