logo
logo
logo

„ШЕСТОТО СЕТИЛО“ НА ГАШИ - Нема да има предвремени избори!

Vecer | 14.09.2026

„ШЕСТОТО СЕТИЛО“ НА ГАШИ - Нема да има предвремени избори!

Нема да има предвремени парламентарни избори, дециден е претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во рамките на редовниот понеделнички брифинг со новинарите, првиот човек на законодавниот дом ја отфрли можноста за предвремено затворање на мандатот, и покрај честите политички тензии и изјави што се пласираат во јавноста од страна на опозициските партии.

На новинарското прашање на што се должи ваквата цврста увереност, имајќи ја предвид разгорената политичка реторика во земјата, Гаши кратко и јасно одговори дека тоа е резултат на неговата долгогодишна политичка интуиција.

И покрај превирањата и секојдневните партиски препукувања, собранициското раководство уверува дека институциите остануваат фокусирани на редовната агенда и законите кои се во интерес на граѓаните, додека прашањето за избори останува вон актуелната политичка агенда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk