logo
logo
logo

РАЦИЈА ВО СКОПЈЕ, ШТИП И КАВАДАРЦИ, паднаа 10 лица со дрога

Vecer | 29.06.2026

РАЦИЈА ВО СКОПЈЕ, ШТИП И КАВАДАРЦИ, паднаа 10 лица со дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници во Скопје, Штип и Кавадарци лишија од слобода вкупно 10 лица, кај кои при преглед била пронајдена дрога, информираат од МВР.

На 28/29.06.2026 година во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С. (25), Х.А. (18), Ј.И. (29) и М.Л. (21), сите од Скопје, потоа А.С. (32) од село Трубарево, Б.Д. (47) од село Инџиково, еден 17-годишник од скопско, како и С.А. (53) од кривопаланечко.

Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дробилка.

Во Штип, на 29.06.2026 година во 00:30 часот на улицата Борис Кидрич, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.Н. (36) од Сопиште, скопско, кај кого била пронајдена прашкаста материја.

Во Кавадарци, на 28.06.2026 година во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.С. (47) од Кавадарци, кој бил затекнат при користење марихуана на јавно место.

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk