logo
logo
logo

НЕМА ВЕРБА ВО СДС: Човекот кој го негираше Гоце Делчев повторно во врвот на СДС

Vecer | 26.09.2026

НЕМА ВЕРБА ВО СДС: Човекот кој го негираше Гоце Делчев повторно во врвот на СДС

На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо. Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, кое ви го пренесуваме во целост.

„По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне“, соопшти владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk