Годинава, особено во пролет и лето, времето е изненадување за сите, од метереолозите до жителите на Европа и во регионов кои се соочуваа со највиски температури последниве 50 и повеќе години како и брзи промени на времето кои не дозволуваат телото да се адаптира и навикне на новите услови.
Септември ќе биде месец сос ето тоа, па и малку посилно за стандардите ан тој месец.
Во Македонија, летово, се забележани над 30-тина последователни денови со тропски температури, без никаква пауза, што е состојба која никој не ја памети.
Почетокот на септември ќе ни донесе поблага промена на времето и мало освежување.
- Од оваа недела времето постепено ќе биде посвежо но не многу, со можност за локални врнежи од дожд . Максималната температура на воздухот во овој период ќе се движи од 28 до 35 степени. Утринските температури ќе паднат под 20 степени, а во поголемите градови ќе се движат помеѓу 16 и 18 степени. Ноќите конечно ќе станат пријатни и погодни за спиење. Ова ќе им донесе олеснување на сите, со оглед на тоа што во текот на август имавме многу малку ноќи со температура под 20 степени, барем во Скопје и долж течението на Вардар.
Нов топлотен бран
Потоа, температурите повторно ќе се зголемат бидејќи топол африкански воздух ќе тече над Шпанија кон Апенинскиот и Балканскиот Полуостров кон нашиот регион а максималните температури ќе се движат помеѓу 33 и 36 степени. Овој топлотен бран најверојатно ќе трае една седмица, што занчи дека се очекува во средината на месецот и некој ден потоа.

За време на периодот на топење, од 5 до 10 септември, повторно треба да се очекуваат тропски ноќи со температури над 20 степени во поголемите градови. Во моментов нема индикации за ветер што ќе ни донесе олеснување од интензивната топлина во тие денови.
Иненадувањето е - брз скок во есенски амбиент
Одредени модели укажуваат дека позначајна промена на времето може да се случи после средината на месецот, време малку пред календарскиот почеток на есента, во третата декада.
Постојат големи шанси за посилно заладување и ненадеен премин од лето во есен, така што само за еден ден или два би можеле да скокнеме од летни тропски температури во есенски јакни. Точниот датум на оваа промена се очекува на крајот на месецот околу 20-ти, заедно со доаѓањето на есента.
Во меѓувреме температурите би требало да бидат во просечниот опсег за таа сезона, односно помеѓу 20 и 25 степени, а ноќите околу 15-18 во поголемите градови..
Кога ќе се случи оваа промена околу 20. септември, нè очекува облачно време со дожд. Дневните температури ќе се спуштат на вредности помеѓу 13 и 18 степени, додека утринските температури ќе бидат пониски од 10 степени на некои места.
Иако станува збор за нагло заладување, по неколку дена спорадичен дожд следи повторно сушно време со понатамошно опаѓање на температурата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата