31-годишна жена од Илинден е тешко повредена откако била удрена од електричен тротинет на булеварот Кочо Рацин во Скопје.
Жената, идентификувана како Е.Д.С., била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ – Скопје, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Според пријавеното, несреќата се случила на 23 септември, а по ударот женското лице кое го управувало електричниот тротинет го напуштило местото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата