logo
logo
logo

УБИСТВО ВО СКОПЈЕ - Го заклал таткото за да ја спаси мајка си

Vecer | 13.07.2026

УБИСТВО ВО СКОПЈЕ - Го заклал таткото за да ја спаси мајка си

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 23 часот на територија на ПС Бит Пазар, го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје.

-Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко. По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk