logo
logo
logo

ДРАМА ВО СКОПЈЕ! МАЖ СКОКНА ВО ВАРДАР, полицијата го убедила да излезе, па - во болница

Vecer | 14.09.2026

ДРАМА ВО СКОПЈЕ! МАЖ СКОКНА ВО ВАРДАР, полицијата го убедила да излезе, па - во болница

Драматични моменти се одвивале утринава во делот зад скопската населба Острово во Општина Аеродром, каде за засега непознати причини маж скокнал во водите на реката Вардар.

Според сведоштвата на очевидци на настанот, на терен веднаш пристигнале полициски екипи кои се обидувале да го повикаат и да го извлечат човекот од ладното речно корито. По успешната акција на надлежните служби, на лице место пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која повредениот маж го пренела во болница за укажување на лекарска помош.

„Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Лицето со возило на Брза помош е пренесено во болница за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk