БУГАРИЈА НЕ Е ГЛАВНАТА ПРЕЧКА? Николоски го посочи клучот за европскиот пат на Македонија

Vecer | 14.10.2026

БУГАРИЈА НЕ Е ГЛАВНАТА ПРЕЧКА? Николоски го посочи клучот за европскиот пат на Македонија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема да биде една од главните пречки за евроинтеграцијата на Македонија, вели вицепремиерот и  министер за транспорт, Александар Николоски.

– Мојата клучна теза зад која стојам е дека доколку се врати апетитот за проширување, особено кај 5-6 поголеми земји членки на ЕУ, проблемот со Софија ќе се реши. Меѓутоа, сум многу прецизен: не велам апетит за проширување во Брисел, не велам апетит за проширување во Европската комисија или во институциите на Европската Унија, туку велам апетит за проширување во 5-6 поголеми и позначајни земји членки на ЕУ. Доколку тој не се врати, ќе бидеме во оваа ситуација во која сме сега. Но, наша работа е да ги спроведуваме реформите, да ја јакнеме државата економски и политички и да градиме модерна држава – рече Николоски во гостување на ТВ Алфа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk