logo
logo
logo

Втор случај за две недели: ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАТРУЕНО СО ЛЕКОВИ ВО КУМАНОВО

Vecer | 10.08.2026

Втор случај за две недели: ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАТРУЕНО СО ЛЕКОВИ ВО КУМАНОВО

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било пуштено на домашно лекување.

Ова е втор случај на труење на двегодишно дете во Куманово за две недели. Неодамна, двегодишно дете беше затруено откако испило средство за разредување боја.

Лани, во кумановскиот регион беа евидентирани неколку случаи на труење кај деца, некои проголтале средства за чистење и дезинфекција, а некои – лекови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk