Драмски и тензични сцени се одвивале во строгиот центар на Скопје, кога полициските службеници морале со сила да интервенираат поради меѓусебна физичка пресметка меѓу две млади лица, кои наместо да се смират, го насочиле својот револт директно кон полицијата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведени се С.Р. (26) и В.А. (24), двете од Скопје, кои го нарушиле јавниот ред и мир со тепачка на улица. Ситуацијата ескалирала кога тие почнале агресивно да се однесуваат кон полицајците кои преземале службени дејствија. При прегледот, кај В.А. бил пронајден и остра предмет. Од МВР потврдуваат дека по целосното расчистување и документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата