logo
logo
logo

Тошковски: „Безбеден град“ низ цела држава до крајот на годината, внимавајте на лажни пораки за казни

Vecer | 06.05.2026

Тошковски: „Безбеден град“ низ цела држава до крајот на годината, внимавајте на лажни пораки за казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека до крајот на оваа година системот „Безбеден град“ ќе биде целосно имплементиран на територијата на цела држава. Според него, секој граѓанин заслужува да живее во побезбедна средина, а првичните резултати веќе покажуваат напредок во сообраќајната безбедност.

Министерот појасни дека проектот се реализира етапно и дека секој град се приклучува веднаш штом ќе се исполнат техничките предуслови.

„Како што се создаваат техничките услови на локално ниво, системот веднаш се става во функција. Нема да се чека истовремена имплементација во сите градови“, истакна Тошковски.

Тој се осврна и на актуелната состојба на пазарот на труд и односот кон работниците со метафорична изјава.

„Порано газдите им велеа на работниците „ако не сакаш ти, има друго дете“. Денес „други деца нема“.

Тошковски упати и предупредување до јавноста во врска со појавата на лажни пораки за сообраќајни прекршоци кои пристигнуваат до граѓаните. Тој нагласи дека надлежните служби веќе работат на откривање на изворот на овие дезинформации.

Министерот апелираше до граѓаните да бидат внимателни при отворање на сомнителни пораки и секоја таква содржина веднаш да ја пријават до институциите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk