Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ.
Тој го тера вториот мандат како центарски татко, време во кое општината даде дозволи за над 100 згради и се изградија најголем дел од нив. Ваквата бетонизација со застарена водоводна и канализациска инфраструктура која ни оддалеку не е предвидена за толкав број на објекти, придонесе за наезда на стаорци во Центар.
Како награда, станува дел од раководството на СДСМ под палката на Венко Филипче.
Делувањето на актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски
Граѓанските организации и политичките опоненти често го упатуваат токму прекарот „Бетоњерка“ или „Горан Бетон“, обвинувајќи го за продолжување на урбаниот хаос.
Контроверзите со ДУП-овите и бетонизација
Случајот „Барутана“ на Водно: Ова е една од најактуелните и најкритикуваните теми во неговиот мандат. Советниците изгласаа Нацрт-детален урбанистички план (ДУП) за месноста Барутана на падините на Водно, што предизвика револт кај граѓаните поради страв од нова бетонизација, свлечишта и ерозија на земјиштето.
Одбрана на планот: Герасимовски и општинските служби тврдат дека со новиот план се намалува бруто-изградената површина за околу 33% (односно за 14.000 м²) во споредба со претходните решенија.
Издавање градежни дозволи: Критичарите од опозицијата и граѓанските иницијативи (како „Шанса за Центар“) реагираат дека за време на неговиот мандат се издадени троцифрен број одобренија за градење. Герасимовски, од своја страна, изјави дека „илузија е дека некој може целосно да го стопира градењето“ поради стекнатите сопственички права на парцелите.
Што објаснува ВИ?
Кога за еден градоначалник во колоквијалниот говор или во медиумите ќе се каже дека ја „забетонирал општината“, тоа е критички израз кој најчесто означува дека тој дозволил или поттикнал прекумерна, неконтролирана и агресивна урбанизација на сметка на зеленилото и квалитетот на животот.Во суштина, неговата примарна (но негативно доживеана) „задача“ во тој контекст била спроведување на политики кои им носат профит на градежните инвеститори, занемарувајќи го јавниот интерес.
Еве кои се клучните активности кои водат до епитетот „градоначалник кој ја забетонирал општината“:
1. Масовно носење или неносење на Детални урбанистички планови (ДУП)
- Промена на намени: Претворање на паркови, детски игралишта и зелени површини во градежни парцели.
- Доцртување згради: Вметнување на нови станбени и деловни објекти на места каде што веќе нема слободен простор („гушење“ на просторот).
2. Поттикнување на „Урбана мафија“ и профит
- Приоритет на инвеститорите: Ставање на приватниот бизнис интерес на градежните компании пред потребите на граѓаните.
- Полнење на општинскиот буџет: Често оправдување за ова е собирањето на комуналии (такси за уредување на градежно земјиште), кои се користат за тековни општински трошоци, но на долг рок го уништуваат просторот.
3. Занемарување на инфраструктурата
- Пренаселеност без поддршка: Одобрување нови згради без притоа да се прошират улиците, да се обезбедат доволно паркинг места, или да се изградат нови градинки и училишта за новите жители.
- Преоптоварување на мрежите: Преоптоварување на водоводната, канализациската и електричната мрежа.
4. Уништување на животната средина
- Намалување на зеленилото: Сечење на долгогодишни дрвја и уништување на „зелените појаси“ кои служат како филтри за воздухот.
- Создавање „топлински острови“: Заменувањето на земјата и тревата со асфалт и бетон ја зголемува температурата во градот и го спречува природното апсорбирање на дождовницата (што води до поплави)
- Денес сум избран за потпретседател на СДСМ.
Најпрво, сакам да му се заблагодарам на претседателот Венко Филипче и на сите Вас за оваа доверба.
Ја прифаќам оваа функција со голема чест, но над сè, со чувство на одговорност.
Затоа што функцијата сама по себе не значи ништо ако зад неа нема работа. Ако нема луѓе. Ако нема доверба.
Одговорноста се гради, а довербата се заслужува.
Јас доаѓам од локалната политика. Од секојдневните средби со граѓаните, од нивните проблеми, критики и очекувања. И токму таму научив дека политиката не се прави само од говорница. Се прави меѓу луѓето.
Денес, пред СДСМ има сериозна задача.
Да се обединиме околу она што ни е заедничко.
Не мора секогаш да мислиме исто.
Не мора секогаш да се согласуваме.
Но мора да знаеме што нè спојува. А тоа се принципите, спас на државата, одбрана на социјалдемократијата и борба за достоинствен живот на граѓаните. Со конкретни мерки, затоа што имаме и капацитет и квалитетни кадри и храбри поддржувачи.
Драги сопартијци,
Различното мислење не треба да нè дели. Напротив, треба да нè прави посилни.
Затоа што само сплотени можеме силно да се спротивставиме на режимот на ДПМНЕ. Само сплотени можеме да ги браниме нашите вредности. И само сплотени можеме повторно да ја вратиме довербата на граѓаните.
Но за тоа прво мора да почнеме од себе.
Да разговараме повеќе.
Да се слушаме повеќе.
Да бидеме повеќе меѓу луѓето.
И да работиме повеќе.
Нема краток пат.
Довербата се гради човек со човек.
Маало по маало.
Општина по општина.
Со работа. Со резултати. Со одговорност.
Другарки и другари,
Во оваа нова улога ќе го дадам својот максимум. Ќе бидам отворен за секој член, за секоја добра идеја, но и за секоја критика што може да нè направи подобри.
Ве уверувам и Ви ветувам, дека победата во Центар, ќе ја пресликам и промовирам и во партијата. Тоа ќе биде мојот скромен придонес, бидејќи и јас и членовите на Центар, покажавме и докажавме, дека само храбро и со срце, дојдовме до резултати. Не сакам да звучам нескромно, но сакам успешната центарска приказна, да биде надградена што поскоро и како победничка приказна секаде во државата под водство на СДСМ.
Пред нас нема лесен период.
Но СДСМ секогаш е најсилен кога е најтешко.
Сме знаеле да поминеме низ тешки периоди.
Сме знаеле да паднеме.
Но сме знаеле и повторно да станеме.
И ќе станеме повторно.
Не заради функциите.
Не заради нас самите.
Туку заради луѓето кои веруваат во вредностите што вистински ги претставуваме.
Затоа од денес нема место за поделби.
Нема место за суети.
Нема место за стоење настрана и чекање некој друг да ја заврши работата.
Нема место за едни против други, другари социјалдемократи.
Секој е важен.
Секој е потребен.
И секој има свој минат труд што не е за потценување и маргинализирање.
Секој мора да допринесе.
Затоа што силата на СДСМ никогаш не била во еден човек.
Силата на СДСМ била во луѓето.
А кога сме заедно, кога знаеме за што се бориме и кога веруваме едни на други – тогаш СДСМ е силен.
Да се сплотиме.
Да се исправиме.
И да покажеме дека СДСМ има сила повторно да оди напред, објави Герасимовски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата