ДЕСЕТИЦИ ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ВО СКОПЈЕ - Неверојатно однесување во сообраќајот

Vecer | 26.10.2026

ДЕСЕТИЦИ ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ВО СКОПЈЕ - Неверојатно однесување во сообраќајот

Полицијата регистрирала 2.720 сообраќајни прекршоци низ Македонија во периодот од 23 до 25 октомври, а 67 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број прекршоци, 1.360 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина. Меѓу лишените од слобода, седуммина возеле под дејство на алкохол, 21 без возачка дозвола, а осуммина и покрај претходно изречена забрана за управување со возило. 

Во истиот период биле одземени 27 возила, а полицијата регистрирала и 328 прекршоци за неправилно паркирање. Дополнително, 57 возачи биле санкционирани за возење под дејство на алкохол. 

Санкционирани биле и 33 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, како и 239 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас. Од сообраќај биле отстранети 23 нерегистрирани возила и четири технички неисправни возила. Осум возачи биле казнети поради несоодветно затемнување на стаклата.

Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk