logo
logo
logo

ДЕНЕС ПЕКОЛ, жештините ќе продолжат и во следните два дена

Vecer | 18.07.2026

ДЕНЕС ПЕКОЛ, жештините ќе продолжат и во следните два дена

Во текот на денов се очекува сончево и многу топло време, проследено со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се движи од 33 до 39 степени, а минималната од 13 до 22 степена. 

Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во делови од котлината можно е краткотрајно невреме со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 20 до максимални 38 степени.

Топлото време ќе се задржи и следните два дена кога локално дневната температура ќе достигне до 40 степени. Во вторник се очекува на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во среда ќе дува засилен северен ветер кога температурите ќе опаднат за неколку степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk