logo
logo
logo

КОНЕЧНО! Почнува реконструкцијата на Универзална сала во Скопје

Vecer | 08.04.2026

КОНЕЧНО! Почнува реконструкцијата на Универзална сала во Скопје

Повеќе од пет години Градот Скопје не успева да изврши реконструкција на Унивезалната сала во центарот на Скопје. Кога минатата власт на Данела Арсовска се обиде да ја започне се случи контраверзен пожар во фаза кога се поставуваше челичната конструкција за кој досега нема правно и техничко објаснување за деталлните причини и последици.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопшти дека е завршена постапката за избор на изведувач за реконструкција и модернизација на Универзалната сала, со што, според неговата објава, се отвора патот за почеток на градежните работи.

Тој наведе дека Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на економски оператор и го потврдила изборот на најповолната понуда, со што е надмината и последната правна пречка за старт на проектот.

Постапката за избор на изведувач за Универзалната сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за старт на градежните работи“, објави Љутков на Фејсбук.

Според информациите што ги сподели министерот, проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година.

Во објавата се посочува и дека проектот е дел од подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028. Според најавите, по реконструкцијата салата треба да прерасне во современ објект за одржување концерти, театарски претстави, фестивали и други културни настани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk