logo
logo
logo

НЕОБИЧЕН ШВЕРЦ НА ГП БЛАТО - Неверојатно што открија нашите цариници

Vecer | 11.08.2026

НЕОБИЧЕН ШВЕРЦ НА ГП БЛАТО - Неверојатно што открија нашите цариници

На граничниот премин Блато e спречен обид за шверц на над 3.000 игли за тетовирање, соопшти Царинската управа.

Царински службеници на влез на граничниот премин Блато заплениле повеќе од 3.000 парчиња игли и друга опрема за тетовирање, којашто возач на товарно моторно возило се обидел нелегално да ја внесе во Македонија.

При детална контрола, царинските службеници во возилото, покрај иглите, откриле и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри мастило за тетовирање, 150 парчиња маст и помошни алатки за тетовирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk