Пораките и личниот ангажман на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, создаваат чувство на силно охрабрување, особено поради фактот што реформите и испораката од страна на актуелната влада се оцени како најдобри во целиот регион, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Осврнувајќи се на спорот со Бугарија, премиерот нагласи дека се постигнати дипломатски чекори кои до неодамна биле целосно невозможни.
– Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. И уште многу работи ќе направиме што тие не можат ниту во најдобриот сон да ги замислат. Само треба време и трпение, порача Мицкоски.
Тој остро ги критикуваше претходните владини структури, посочувајќи дека станува збор за процеси во кои се соочуваат со последиците од дејствувањето на, како што рече, квислинзи кои ја распродале државата, додека патриотската влада сега работи на враќање на националните позиции.
„Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. И уште многу работи ќе направиме што тие не можат ниту во најдобриот сон да ги замислат. Само треба време и трпение. Ова се процеси кога имате квислинзи коишто распродаваат и патриотска влада којашто си ја сака државата и којашто треба да го врати тоа што квислинзите го распродале. Зборувам за СДСМ, овие од ДУИ тоа не ги интересирало ниту пак имале било какви чувства кога постигнувале договор за Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата