logo
logo
logo

ИЗВОЗОТ ВО ПОРАСТ - Ова се земјите со кои Македонија тргува најмногу

Vecer | 06.10.2026

ИЗВОЗОТ ВО ПОРАСТ - Ова се земјите со кои Македонија тргува најмногу

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – август годинава, изнесува 5,74 милијарди евра и бележи пораст од 8,7% во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8,15 милијарди евра, што е за 7,9% повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

  • Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
  • Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,7% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,5% во вкупната размена.

Извоз јануари – август 2026 година во однос на јануари – август 2025 година

  • 353 757.0 милиони денари: +8.8 %
  • 5 738.7 милиони евра: +8.7 % 
  • 6 669.8 милиони САД долари: +13.7 % 

Увоз јануари – август 2026 година во однос на јануари – август 2025 година

  • 502 607.4 милиони денари: +8.0 %
  • 8 153.8 милиони евра: +7.9 % 
  • 9 476.1 милиони САД долари: +12.9 % 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk