Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.
-Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите. Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето, се наведува во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата