logo
logo
logo

Не е ислучено ПРИКЛУЧУВАЊЕ И НА ДРУГИ ПАРТИИ ВО ВЛАСТА, вели Мицкоски

Vecer | 07.05.2026

Не е ислучено ПРИКЛУЧУВАЊЕ И НА ДРУГИ ПАРТИИ ВО ВЛАСТА, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со свој став, но оти сака да ги слушне и позициите на останатите коалициски партнери. Не ја исклучува можноста за приклучување и на други партии во владината коалиција.

- Правиме анализа се разбира. И јас лично, но и луѓето од мојот кабинет, имаме некакви индикации, така што, јуни доаѓа, па во месец јуни ќе имаме повеќе детали, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на тоа дали ќе има прераспределба на политичката моќ низ ресорите во Владата, со оглед дека ЗНАМ имаат еден пратеник помалку, Мицкоски рече:

-Ние како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според мене, на тие преговори ќе излеземе со наш став, и тој став пред сè се должи на нашите анализи. Би сакале да ги слушнеме и ставовите на останатите коалициски партнери и се надевам дека како стратешка коалиција и понатаму ќе продолжиме успешно да ја водиме македонската Влада, изјави Мицкоски.

Прашан дали е можно и други партии да се приклучат на коалиција, Мицкоски одговори: „Сè е можно, да“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk