logo
logo
logo

ОГНОТ ОД СУВАТА ТРЕВА МУ ГО „ГОЛТНАЛ“ АВТОМОБИЛОТ: Повреден 74-годишен маж во Тетовско

Vecer | 21.10.2026

ОГНОТ ОД СУВАТА ТРЕВА МУ ГО „ГОЛТНАЛ“ АВТОМОБИЛОТ: Повреден 74-годишен маж во Тетовско

На 20.10.2026 во 15:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Палатица-с. Озормиште, во нива покрај патот, било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(74) од с.Палатица.

-Од пожарот целосно е изгорено патничкото возило, како и површина со сува трева, а М.С. при обид да го изгаси огнот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека М.С. ја чистел нивата со палење на сува трева, по што огнот се проширил и го зафатил возилото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk