„Антево перо“ во духот на јубилејот: 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АНТЕ ПОПОВСКИ

Vecer | 02.10.2026

„Антево перо“ во духот на јубилејот: 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АНТЕ ПОПОВСКИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје ќе биде простор на централниот настан на деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ на втори октомври (петок) со почеток во 19:00 часот.

Програмата ќе ја води Александра Јуруковска, која ќе презентира кус приказ на најважните карактеристики кои му дадоа белег на годинешниот конкурс кој, годинава е во духот на одбележувањето на јубилејот – 95 години од раѓањето на Анте Поповски.

Исто така, ќе проговориме и за одбележувањето на јубилеите – 30 години од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините“ и 25 години од објавувањето на маестралното поетско дело „Света песна“ од Анте Поповски.

За естетските вредности на збирките на добитнците на традиционалните поетски награди, „Антево перо“ „Антев златник“ и „Антев часовник“, во продолжение ќе се осврне д-р Атина Цветаноска, член на жири-комисијата, по што ќе следи и врачување на наградите. Публиката ќе проследи и поетско читање, на кое ќе се претстават годинешните лауреати и авторите кои беа селектирани во потесниот избор за наградите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk