logo
logo
logo

Помала зависност од увоз

НОВА ЕНЕРГЕТСКА ЕРА ЗА МАКЕДОНИЈА - Усвоен новиот Закон за обновливи извори

Vecer | 30.06.2026

НОВА ЕНЕРГЕТСКА ЕРА ЗА МАКЕДОНИЈА - Усвоен новиот Закон за обновливи извори

Усвоен е новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. Првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон, со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Министетрството ги наведува бенефитите што се очекува да ги обезбеди законот, меѓу кои се долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти, зголемување на уделот на ОИЕ во бруто финалната потрошувачка на енергија, зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на крајните потрошувачи, диверзификација на производството на енергија, намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и зголемување на искористеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и ублажување на климатските промени...

Со усвојувањето на Законот за обновливи извори на енергија, посочува Министерството, Македонија воспоставува современа законска рамка која создава поголема правна сигурност за инвеститорите, нови можности за граѓаните и компаниите, поефикасни институционални процедури и целосно усогласување со европските политики во областа на обновливата енергија. Темел врз кој ќе се гради новата македонска енергетика – почиста, поконкурентна, поодржлива и посигурна за граѓаните, стопанството и идните генерации.

-Со законот во националното законодавство се транспонираат најновите европски правила, вклучително и Директивата за промоција на користењето на енергија од обновливи извори, чија хармонизација и донесување претставуваат дел од Реформската агенда. Во рамките на процесот на енергетска транзиција се предвидуваат мерки и активности насочени кон диверзификација на економскиот модел преку развој заснован на знаење и поефикасно користење на ресурсите, поттикнување на инвестиции, развој на зелена и паметна инфраструктура, чиста енергија и развој на вештини, како и постепено намалување на зависноста од фосилни горива, соопшти Министерството за енергетика. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk