logo
logo
logo

Политика со солник и пешкир

ОД ХОТЕЛСКИ МАСИ ДО ГРЧКИ ПЛАЖИ: Петров откри каде е сегашниот СДСМ!

Vecer | 29.09.2026

ОД ХОТЕЛСКИ МАСИ ДО ГРЧКИ ПЛАЖИ: Петров откри каде е сегашниот СДСМ!

Дали реформите во СДСМ се прават по хотели или партиските ставови се диктираат од грчките плажи? Поранешниот функционер Андреј Петров во „Ноќно студио“ на 4ТВ ги отфрли обвинувањата за неформално организирање и упати остра стрела кон раководството.

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како и за обвинувањата дека станува збор за неформално организирање надвор од партиските структури.

Петров отфрли дека иницијативата се темели на недемократски принципи, оценувајќи дека токму спротивното се случува во актуелните партиски процеси.

Тој рече дека во минатото во СДСМ постоеле ситуации во кои локалните организации можеле да носат одлуки, да се спротивстават на партиското раководство и да ги застапуваат своите ставови.

„Ние сме се повлекувале кога сме гледале дека луѓето се убедени во нешто. Не била таква партија, не била партија во која треба да се почитува гласот на еден човек“, рече Петров.

Според него, проблемот е поширок и одговорност имаат сите кои во минатото извршувале високи функции во партијата.

Петров рече дека доколку некој смета дека одредени работи не се прават добро, критиката треба да биде отворена и директна.

„Ако нешто не чини, тоа што не чини треба да се каже, треба да се каже отворено и треба да се каже во очи“, истакна тој.

Тој објасни дека членовите на иницијативата, пред да излезат со своите ставови во јавноста, претходно разговарале меѓусебно и со други луѓе, но оти не успеале да постигнат разбирање.

Петров се осврна и на квалификациите дека станува збор за таканаречена „хотелска коалиција“.

Според него, нормално е политичари и други јавни личности да се среќаваат во хотели, ресторани или други јавни места за да разговараат или да организираат конференции.

„Логично е во хотели да се сретнеш, да разговараш, да направиш конференција, тоа е културно“, рече Петров.

Сепак, тој направи разлика меѓу средбите и начинот на кој политичарите ги претставуваат своите ставови во јавноста.

„Она што е некултурно е да ги соопштуваш своите ставови од Халкидики“, рече Петров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk