ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТУДЕНСТКИ ОБРОК и попусти за храна, најави премиерот Мицкоски

Vecer | 29.10.2026

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТУДЕНСТКИ ОБРОК и попусти за храна, најави премиерот Мицкоски

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата „М.услуги“, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети - информира денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, за младинските политики и студентскиот стандард.

Мицкоски рече дека на вчерашната средба со студентските претставници, на која присуствувале и министерката за образование и наука Весна Јаневска и други владини претставници, отворено се разговарало за проблемите со кои се соочуваат студентите, условите во студентските домови и можностите за подобрување на стандардот.

Тој посочи дека биле разгледани буџетските издвојувања за студентски стандард во 2026 година во споредба со 2022 година, при што, според неговата оценка, средствата се двојно зголемени.

Говорејќи за субвенционираниот студентски оброк, Мицкоски рече дека Владата предложила нов модел со кој средствата би се зголемиле од сегашните 3.500 на 4.500 денари месечно, а студентите би можеле да ги користат преку посебна услуга во апликацијата „М.услуги“.

Според предлогот, во системот би биле вклучени ресторани, маркети, млечни ресторани и други оператори кај кои студентите би можеле да купуваат храна и пијалаци, како вода, јогурт и кисело млеко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk