logo
logo
logo

Филипче: Не ветувам лесен пат, но ветувам борба

Vecer | 30.08.2025

Филипче: Не ветувам лесен пат, но ветувам борба

„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача Венко Филипче, претседател на СДСМ, на собирот на младите социјалдемократи во Струмица.

Филипче испрати силна порака на мобилизација.

Младите и членовите на СДСМ се тие што во најтешки моменти ја држеа цврсто црвената линија на демократијата. Денес, повторно дојде време за исправување.“

Тој предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, во партизација, непотизам и злоупотреби додека граѓаните, особено младите, сè повеќе чувствуваат дека иднината им се одзема.

Нашата задача е јасна – да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата.“ – рече Филипче.

Во таа мисија, потенцираше Филипче, централна улога имаат младите социјалдемократи и ангажираното членство.

Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот.“ – заврши тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk