ФАТЕН НА ДЕЛО ДОДЕКА ПАЛИ ТРЕВА: Полицијата уапси 25-годишник на патот Штип – Кочани

Vecer | 12.06.2026

ФАТЕН НА ДЕЛО ДОДЕКА ПАЛИ ТРЕВА: Полицијата уапси 25-годишник на патот Штип – Кочани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни.

Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип.

‒ Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З. – стои во соопштението.

Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk