На 06.09.2026 во 00:30 часот на регионалниот пат помеѓу струшките села Калишта и Радожда, лишен од слобода е Б.Б. (50) од с. Радожда, струшко.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ кое тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,40 промили алкохол во крвта.
Тој, веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возилото и возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата