ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ И ЛИДИЈА ЗИМБОВСКА ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИСКИОТ СУД СКОПЈЕ

Vecer | 30.09.2026

ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ И ЛИДИЈА ЗИМБОВСКА ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИСКИОТ СУД СКОПЈЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по објавените огласи за избор на претседател на Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга, при што констатираше дека тројцата пријавени кандидати ги исполнуваат условите за учество во понатамошната постапка.

За претседател на Апелацискиот суд Скопје се пријавиле судиите Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска, додека, за претседател на Основниот суд Струга единствен кандидат е Танче Петревски.

По разгледувањето на доставената документација, Судскиот совет утврди дека пријавите се навремени и комплетни, по што ги усвои извештаите на надлежната комисија и одлучи постапката за избор да продолжи во следната фаза.

На денешната седница Советот го усвои и извештајот од извршената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје.

Судскиот совет избра и разреши судии-поротници за Основниот суд Виница, Основниот суд Дебар, Основниот суд Кочани, Основниот суд Охрид и Основниот суд Радовиш.

Претходно на денешната седница Судскиот совет избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар и Свети Николе и ги усвои тримесечните извештаи за работата на судовите во периодот април – јуни 2026 година при што судовите на ниво на државата беа оценети како неажурни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk