logo
logo
logo

Судскиот процес за „Пулс“ остана без уште еден обвинет: ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН ИНСПЕКТОР ГРНЧИШТАНОВ

Vecer | 19.06.2026

Судскиот процес за „Пулс“ остана без уште еден обвинет: ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН ИНСПЕКТОР ГРНЧИШТАНОВ

Ненадејно почина Љупчо Грнчиштанов, кој беше меѓу 35-те обвинети лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврди Јавното обвинителство.

Од Обвинителствот велат дека на обвинетиот му се слошило во домашни услови.

„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“, информира Јавното обвинителство.

Грнчиштанов, исто како и останатите, беше обвинет за Тешки дела против општата сигурност.

Тој во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.

Според достапните информации, Грнчиштанов помина 77 дена во ефективен притвор, по што речиси 14 месеци беше во куќен притвор.

Обвинението за случајот беше оформено во периодот кога со Јавното обвинителство раководеше поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој во меѓувреме поднесе оставка.

Обвинението го застапуваат обвинителите Борче Јанев, Дарко Јакимовски и уште 13 јавни обвинители.

Случајот за трагедијата во Кочани и понатаму е предмет на големо внимание во јавноста, при што се отвораат прашања поврзани со правната квалификација на обвинението и одговорноста на обвинетите лица.

Дел од експертската јавност укажува на дилеми околу примената на одредени правни квалификации, додека семејствата на жртвите бараат постапката да заврши ефикасно и во разумен рок, со цел да се утврди одговорноста за трагичниот настан.

Да потсетиме, лани во октомври во притвор почина Владо Петров, пензиониран полициски службеник, кој беше осомничен дека, додека бил главен испектор за собраќајни работи потпишал документ за паркинг просторот пред дискотеката.

Во катастрофалниот пожар во кочанската дискотека на 16 март 2025 година загинаа 63 луѓе, а 222 беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk