logo
logo
logo

„ТАА ВЕЛИ ВИЕ ПРАВИТЕ ИМПРЕСИВНА РАБОТА, опозицијата и Филипче трујат со лаги и измислици“

Vecer | 08.10.2026

„ТАА ВЕЛИ ВИЕ ПРАВИТЕ ИМПРЕСИВНА РАБОТА, опозицијата и Филипче трујат со лаги и измислици“

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алсат М вели дека пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција и Филипче дека Владата не спроведува реформи.

„Пораката од претседателката на Европската Комисија беше многу јасна и децидна која што го демантираше ова кое што го збори домашната опозиција.“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како „импресивна“, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка.

„Таа вели вие правите импресивна работа, тоа ќе се согласите претставува највисока ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинации која таа ги посети. Ние збориме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје, беше на неколку други места и само тука го искористи тој вординг, односно највисоко нивно на суперлатив, кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме.“, посочи премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk