logo
logo
logo

ИНТЕРПОЛ ЈА БАРА, БУГАРИЈА ЈА КРИЕ: Нема да ја ловиме Ива Михаилова

Vecer | 14.10.2026

ИНТЕРПОЛ ЈА БАРА, БУГАРИЈА ЈА КРИЕ: Нема да ја ловиме Ива Михаилова

Ива Михаилова уште пред два дена даде  изјава за бугарски медиуми од другата страна на границата – македонските институции се уште чекаат официјален одговор дека таа е лоцирана во Бугарија за да иницираат  постапка за екстрадиција. Од МВР велат дека до сега немаат добиено информација дека Михаилова е пронајдена по меѓународната потерница која вчера беше распишана. Правда пак чека на МВР.

„До овој момент немаме добиено известување од МВР дека лицето Ива Михаилова е уапсена или лоцирана во друга држава. Ако Министерството за правда добие известување, веднаш ќе постапи и ќе ја отпочне постапката за екстрадиција“, велат од Министерството за правда.

 Бугарското МВР денеска  информираше дека во момeнтов нема издадено црвена потерница и дека тие воопшто не преземаат дејствија за утврдување  на локацијата на Михаилова во  Бугарија и потсетуваат на бугарската регулатива како пречка таа да биде испорачана.

„Потсетуваме дека според чл.25 од Уставот на Република Бугарија „Граѓанин на Република Бугарија не може да биде предаден на друга држава или меѓународен суд со цел кривично гонење, освен ако тоа е предвидено со меѓународен договор, ратификуван, објавен и стапен на сила во Република Бугарија“, известија од бугарското МВР.

Многу прашања,  многу дилеми и малку информации како Ива Михаилова избега од државата. На прашањето дали истражуваат кој и помогнал да излезе од државата дали се сослушуваат роднини сосоеди  полициски службеници , од обивнителството велат проверките ги прави МВР а од министерството ни одговорија дека постапува внатрешната контрола

„Во врска со случајот за кој прашувате ве известуваме дека од страна на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР се преземаат соодветни активности за утврдување на околностите, по што јавноста ќе биде соодветно известена“, соопштија од МВР.

Од мвр не одговорија на прашањето на Телма, дали  викендот макеоднско бугарската граница ја минале дипломатски возила.

Михаилова доби притвор откако избега. Од обивнитрелстовто велат побарале сега за да се исполнат  условите за распишување на меѓународна потерница. Претходно можеа да остане во притвор најмногу два месеца

„Кривичното дело за кое е поднесено обвинение се гони во скратена постапка, па согласно тоа можностите за предлагање на мерката притвор се ограничени, а доколку таа биде определена нејзиното максимално траење е 60 дена од поднесување на обвинение, што значи дека до овој момент таквата мерка би била веќе истечена“, известија од  ОЈО Кочани

Нејзиниот македонски адвокат се жалел на одлуката за притворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk