logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ПРВА! ПРЕД АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА - Владата со декемврискиот извештај докажа дека е „фронтранер“ за реформите од ЕУ

Vecer | 01.06.2026

МАКЕДОНИЈА ПРВА! ПРЕД АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА - Владата со декемврискиот извештај докажа дека е „фронтранер“ за реформите од ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни.

-За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први јуни рокот, туку триесетти јуни.

Тоа е елементарно непознавање, но тоа е што е. Ние сме заклучно со декемврискиот извештај вистински фронтранери. На второ место е Албанија, трето е Црна Гора во регионот на Западен Балкан и ние користиме најголем дел од средствата како резултат на завршените реформи и испорачаните чекори, изјави Мицкоски по отворањето на МЕФ Форумот 2026.

Тој истакна дека од она што денеска разговарал со колегите на состанокот за Реформската агенда, е оптимист дека и оние реформи што се во грејс период, но и оние чијшто рок за испорака завршува некаде крајот на јуни најмалку деведесет проценти ќе бидат ќе бидат испорачани.

-Во четвртокот имаме повторно координација со Брисел со господинот Герт Јан Копман. Околу десет и триесет е закажана таа конференциска врска, така што очекувам местото на вистински фронтранери кое останува збор за испорака на реформите да го задржиме и во јунскиот извештај, така што од таа од таа смисла на испорака ние навистина можам да кажам дека во овој момент се движиме најдобро од сите земји во регионот, нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk