ЕУ е наша стратешка цел

ВЛАДАТА ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ

Vecer | 28.05.2026

ВЛАДАТА ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, соцел да продолжи европската интеграција на Македонија.

„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.

Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk