logo
logo
logo

Судот во Кочани одлучи: НА ИВА МИХАИЛОВА ЌЕ Ѝ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО ЗА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА СО СМРТЕН ИСХОД

Vecer | 22.10.2026

Судот во Кочани одлучи: НА ИВА МИХАИЛОВА ЌЕ Ѝ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО ЗА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА СО СМРТЕН ИСХОД

Бегалката од правдата со новопечена бугарска не куртули од дамата со вага и врзани очи. Ќе и се суди во отсуство. Ова денеска го реши судот, кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство во Кочани. Нејзината недостапност до државните органи, не е пречка да продолжи процесот против неа. Следното рочиште е за 20-на дена.

Официјално, по предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е Решение на И. М, обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот.

Михаилова која е во бегство, се суди за учество во сообраќајна незгода со смртни псоледици. Според обвинителниот предлог, Михаилова управувала со автомобил „фолксваген поло“ со брзина од 86 километри на час на делница каде што ограничувањето било 60 километри на час. Обвинителството тврди дека возилото преминало во лентата за сообраќај од спротивната насока, каде што се судрило со автомобил „рено меган сценик“. Во автомобилот „рено“ имало четири лица. Бесим Дурмиши од Љуботен се здобил со тешки повреди и починал истиот ден во Клиниката за трауматологија во Скопје. Возачот на автомобилот бил тешко повреден, додека двајца други сопатници се здобиле со телесни повреди, се наведува во информациите за обвинението.

Пред една недела МВР распиша централна и меѓународна потерница по 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани, поради кривични дела поврзани со сообраќајната несреќа со смртни последици за која се води судска постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk