logo
logo
logo

СЕ НОРМАЛИЗИРААТ ПРЕГЛЕДИТЕ НА РАДИОЛОГИЈА: Пациентите ќе се снимаат во две смени и за викенд

Vecer | 09.10.2026

СЕ НОРМАЛИЗИРААТ ПРЕГЛЕДИТЕ НА РАДИОЛОГИЈА: Пациентите ќе се снимаат во две смени и за викенд

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за извршување дијагностички прегледи.

‒ Со цел навремено обезбедување на здравствените услуги, Институтот започна со организирано повикување и закажување нови термини за сите пациенти чии прегледи беа привремено презакажани поради настанатата состојба. За таа цел, организирана е работа во две смени, како и дополнителна работа во текот на претстојниот викенд, со цел во најкраток рок да се реализираат прегледите, согласно расположливите капацитети и утврдените медицински приоритети.

Во однос на компјутерскиот томограф, лоциран во хируршкиот комплекс и наменет првенствено за дијагностичка обработка на итни пациенти, сервисната постапка се уште е во тек и се очекува да заврши во најскоро време.

Постапувањето со итните пациенти продолжува согласно воспоставената меѓуинституционална координација и организација за обезбедување континуитет на неопходните дијагностички услуги, односно итните пациенти се згрижуваат во ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Од Министерството апелираат во јавноста да не се изнесуваат непроверени информации, со цел да не се нарушува довербата во здравствениот систем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk