logo
logo
logo

Петровска за роденденот на СДСМ: АКО НЕ СЕ ПРОМЕНИМЕ, ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

Vecer | 20.04.2026

Петровска за роденденот на СДСМ: АКО НЕ СЕ ПРОМЕНИМЕ, ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска со порака за 35-годишниот роденден на СДСМ.

„35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно.

СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности и почитува поинакви.

СДСМ е многу повеќе од статистика и празни фразни.

И синото и црвеното носат своја победа, и розата и тупаницата носат порака, носат идеологија, носат подобро утре.

Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале, на подобро, се разбира.

Промената на подобро е неопходна, суштинска, за да може да успееме, за да победиме, за Македнија.

Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскро да започнеме со трансформација.

Среќен роденден, моја СДСМ“, објави Петровска на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk