logo
logo
logo

18 годишна девојка и маж УАПСЕНИ ВО БИТОЛА СО ДРОГА

Vecer | 02.02.2026

18 годишна девојка и маж УАПСЕНИ ВО БИТОЛА СО ДРОГА

На 02.02.2026 во 02:00 часот на ул.„Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.

Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.

На 02.02.2026 во 01:05 часот на ул.„Илинденска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола.

При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk