logo
logo
logo

ПРИТВОР ЗА КУМАНОВЕЦОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ на премиерот Мицкоски

Vecer | 14.09.2026

ПРИТВОР ЗА КУМАНОВЕЦОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ на премиерот Мицкоски

Судот му одреди осумдневен притвор на жител на кумановското село Чекрези, кој на социјалните мрежи му се заканувал на премиерот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава по брза постапка против заканувачот од кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„На 11.09.2026 на објава на профил на социјална мрежа на Претседателот на Владата на РСМ, пријавениот напишал коментар со заканувачка содржина. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од осум дена“ соопшти МВР.

Од Обвинителството претходно објавија само кратко дека лицето му се заканувало и го навредувало премиерот на социјалните мрежи и дека бараат притвор поради ризик од бегство и повторување на делото. Што точно му напишал, не објавуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk